Охрид, 26. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – На барање на публиката и оваа сабота, 28-ви февруари, во Objectif Bar Охрид ќе има заеднички настап на охридскиот музичар Никола Тони и струшкиот DJ Jeddy.
Никола Тони ќе се претстави со перкусионистички сет за време на дј-скиот сет на DJ Jeddy. Овој викенд публиката ќе се забавува на музика од избрани траки од повеќе жанрови: Deep House, Purple, New disco, Latino, Funky.
Љубителите на музиката на DJ Jeddy можат да го слушаат во неговото радиско музичко шоу „Addictive Vibes“, кое се емитува секој петок од 20:00 до 21:00 часот на Супер радио. Никола Тони, пак е музичар, кој соработува со шпански електронски артисти.
Настапот на Никола Тони и DJ Jeddy во сабота ќе биде со почеток во 22:30 чесот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива