февруари 26, 2015

Охрид, 26. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Утревечер охридскиот актер и стенд-ап комичар, Никола Тодороски, со нов материјал на скечеви ќе ја забавува публиката.

Стенд-ап комедијата, дел од циклусот комични скечеви „Revolution“ ќе биде изведена утре во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид. Тодороски најавува нов материјал, досега неизведуван.

Почетокот на настанот е во 20 часот, а влезот е 150 денари. (Крај)

извор: Охрид Прес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука