февруари 26, 2015

Охрид, 26. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот метал-кор бенд Hardfaced синоќа официјално го издаде спотот за новата тема “Двете Зла”, која е содржана во албумот „Dying Lake“.

Освен во Македонија, албумот е достапен на онлајн музичката продавница на музичкиот гигант Good Life Records од Белгија. Good Life Records е голема продукциска куќа, која има неколку сектори. Предходно, албумот беше достапен и преку музичката онлајн продавница на продукцијата HC Spirit од Бугарија.

Албумот концертно беше промовиран минатата година во голем број европски градови. Содржи 10 теми, а времетраењето е 42 минути. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука