Лондон, 26. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Борци на групата „Исламска држава“ киднапирале најмалку 220 жители на христијански села во североисточна Сирија.
Ова го објавија од седиштето во Велика Британија, од Сирискиот центар за набљудување на човековите права.
Во последните три дена џихадисти заземале десет села во реонот на градот Хасака. Стотици локални жители избегале од своите домови.
„Исламска држава“ сега контролира 10 христијански села. Тие ги одведоа киднапираните луѓе од селата. (Крај)
извор: Ројтерс фото: архива
Прочитано: 23