Охрид, 26. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека утре (петок) во црквата „Света Богородица“ – Каменско во Охрид, ќе се служи првиот „Акатист на Пресвета Богородица“, со почеток во 16:00 часот.
Со истиот ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Акатист ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.
Во сабота, на 28-ми март, во црквата „Света Богородица“ – Каменско во Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. свештеномаченик Теодот епископ Киринејски“ – (Тодорова сабота), со почеток во 08:30 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.
Во недела, на први март, во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Влашка маала, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод Првата недела од Велигденскиот пост „Недела на Православието“, со почеток во 08:30 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид. (Крај)
извор: МПЦ фото: архива