Охрид, 26. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во недела, 1-ви март во Охрид ќе гостува рок триото Bal Ve Kan.
Бендот доаѓа од Гостивар, а членовите негуваат турска рок музика. Bal Ve Kan го сочинуваат: Ебрар Мазхар (бас, клавијатури), Кордан Идризогл (тапани) и Харис Амади (гитара). Младите музичари долги години се изградувале во областа на музиката и свиреле на повеќе музички инструменти.
Креираат авторска алтернативна-рок музика.
Нивниот настап во Охрид ќе биде во Gossip Lounge Bar со почеток во 21 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 24