Струга, 29. октомври 2014 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти овој месец при вршење на мотопатролна дејност во струшкото село Дренок бил затекнат 30-годишниот Ч.А. од Либражд, Република Албанија како товари огревни дрва.
При извршената проверка, констатирано е дека лицето има остварено илегален влез во Република Македонија во близина на граничниот премин Ќафасан и има важечка забрана до 7-ми август 2017 година.
Лицето е приведено, а ќе му биде изречена мерка Забрана за влез во Република Македонија до 29-ти октомври 2019 година. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 35