Скопје/Струга, 26. февруари (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, 28 февруари во просториите на Концепт 37 во Скопје ќе се одржи изложба „Концепт Ж“ на фотографии на модели активисти од Македонија, меѓу кои и младиот лирски автор од Вевчани, Дарко Лешоски.
Изложбата е на фотографии од курсот по фотографија по постпродукција на фотографија, кој го спроведоа претставници на „ПСМ Фондација“ и „Џолев и уметностите“.
Освен Лешоски, на фотографиите ќе бидат портрети на активисти од цела Македонија, кои се директно или индиректно вклучени во културниот живот. Станува збор за 60 фотографии, направени од 20 професионални фотографи.
Во рамките на изложбата ќе има и предавање од страна на фотографи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27