февруари 27, 2015

Лондон, 27. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Најновиот албум ‘The Other Shore’ на египетското транс дуо Aly & Fila, ќе биде промовиран вечерва во престижниот клуб „The Gallery“ во Лондон.

Клубот е во сопственост на музичкиот гигант Ministry of Sound.

– Она што не радува е што излесе нашата прва трака од овој албум како најава. За траката ‘Eye 2 Eye’ имаше доста позитивни реакции, би сакале ист успех да доживее целиот албум, изјавуваат членовите на Aly & Fila на нивната страница на Фејсбук.

Aly & Fila во клубот „The Gallery“ во август минатата година имаа специјален дј-ски сет насловен ‘Future Sound Of Egypt 350’. (Крај)

извор: Инпрес фото: The Gallery

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука