Вашингтон, 27. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Гласот на трудницата развива јазични навики кај нероденото дете, открија научниците од Харвард медицинскиот институт.
Мајчиниот глас е еден од првите звуци кои детето ги слуша во утробата. Одамна е познато дека таму детето ги слуша нејзините зборови и нејзините допири. Но досега не беше јасно како точно тоа влијае на плодот.
Истражувачите од Харвард го изнесоа ова прашање. Тие испитувале 40 предвремено родени деца (меѓу 25-та и 32-та недели од бременоста) и ги разделиле на две групи. Децата од првата група секој ден слушале по 3 часа записи и снимки од тахикардијата на мајката. Втората група слушала само бучава од позадината од болницата. Мозокот на бебињата бил скениран по еден месец.
Областа на мозокот поврзана со перцепцијата на говорот во првата група била поголема од кората на бебињата во втората група. Според истражувачите записите со мајчиниот глас се корисни за предвремено родените деца. Пеењето помага да се воспостави врска со нероденото дете. (Крај)
извор: Дејли мејл фото: архива