Манчестер, 27. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Иако екипата на Манчестер Јунајтед се бори за излез во Европа следната сезона, задачата на „црвените ѓаволи“ дополнително се искомпликува по повредата на Робин ван Перси.
Холандскиот фудбалер се повреди во финишот од мечот со Свонси, а лекарските прегледи покажале дека станува збор за обновување на повредата на скочниот зглоб, што Ван Перси ја санираше неодамна.
Ван Перси ќе ги пропушти наредните два натпревари на Манчестер јунајтед против Сандерленд и Њукасл.(Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26