Охрид, 27. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Њујоршкиот Dj Џејсон Фалцоне, кој деновиве гостува во Охрид, Македонија, денес во Супер радио одржа едночасовен сет во живо од 14:00 до 15:00 часот.
Ова е трето по ред гостување на Фалцоне во Супер радио, а инаку во Охрид настапувал и повеќе пати, во рамките на музички фестивали, промо турнеја и соло настапи во неколку клубови. Фалцоне редовно настапува на Зимската музичка конференција во Мајами, Флорида.
Од Супер радио тој прати поздрав до сите негови обожаватели како во Македонија, така и низ светот.
– Во Охрид е многу убаво, се гледа по тоа што секоја прилика да гостувам тука, со задоволство ја прифаќам, вели Фалцоне.
На прашањето дали можеби глобализацијата би влијаела малку негативно на уништувањето на репутацијата на одреден стил на музика, Џејсон смета дека повеќе влијае позитивно.
– Гледајќи од свој агол, како дј, многу е добро чувството, кога се оди и на некои места, каде и не ве знаат луѓето. Тоа дава позитивна промена на самото место во областа на музиката. Исто како што е со бизнисот или економијата, луѓето се собираат да извлечат искуства. Така и со музиката, луѓето се собираат, дј-и и артисти се собираат, секој со своја посебна музика, носејќи нова култура, со која ќе се запознаат луѓето, додава Фалцоне за Супер радио.
Неговиот дј-ски сет можеше да се слуша на 97 FM или преку веб:
http://checast.com/player/station/super-radio/
Утревечер Фалцоне ќе има настап во кафе барот Ликвид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Супер радио