февруари 28, 2015

Охрид, 28. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Денеска на патниот правец Охрид – Кичево меѓу Врбјани и Пресека, заради минирање, сообраќајот ќе биде во прекин.

Прекинот ќе биде од 13-14 часот.

Од АМСМ и Ј.П. Македонија пат јавуваат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука