Москва, 28. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Самопрогласената Донецка Народна Република ја започна новата фаза на повлекување на оружје, соопшти Министерството за одбрана.
– Се очекува дека повлекувањето на оружје ќе се врши во три насоки: Дмитровк – Торез, Донецк – Првомајск и Безимнаоје – Самоилов, изјави претставник на Министерството за одбрана.
Повлекувањето ќе го надгледуваат набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ. (Крај)
извор: АП фото: архива
Прочитано: 23