Дубаи, 28. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер денеска од 16 часот ќе играат во финалето на АТП турнирот во Дубаи. Вчера во полуфиналните дуели Ѓоковиќ го победи Томаш Бердих, а Федерер хрватот Борна Чориќ.
Ѓоковиќ ја забележа 19-та победа во 21-от меч со Бердих. Српскиот тенисер победи со 6-0, 5-7, 6-4. За разлика од Ѓоковиќ, Федерер го декласираше хрватот Чориќ со 6-2, 6-1.
Финалниот дуел ќе биде 37-ма пресметка помеѓу Ѓоковиќ и Федерер, Швајцарецот води со 19-17, но кога се во прашање меѓусебните финални пресметки на АТП турнирите води Ѓоковиќ со 7-4.(Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 34