Рим, 1. ноември 2014 (ОХРИДПРЕС) – Италијанската економија, тешко погодена од рецесијата, направи многу цркви да ги издаваат или продаваат објектите на банки, театри, пицерии, дури и салони за поправка на автомобили.
Станува збор за неколку илјади цркви кои добија нови сопственици, како доказ за тешката финансиска состојба во која се наоѓа Католичката црква.
– Многу се убави. Мене некако ми се допаѓа иронијата која зрачи сега од овие објекти, изјави локалниот фотограф Андреа Ди Мартино, кој посети и фотографираше 70 поранешни цркви.
Погледнете дел од неговата фото-галерија:
Црквата на Св.Филомена во Угенто сега претворена во суд
Црквата Санта Лучија во Монтескаглиосо сега е спортски клуб со пинг-понг маса
Црква во Салерно, сега музеј на локалното медицинско училиште
Црквата која во 1036 година била изградена во чест на Св.Сабина, веќе 40 години е банка
Црквата на Св.Тереса во Милано, изградена во 1694 година, сега е мултимедијална библиотека
Црква во Вијареџо сега е пицерија која го носи името „La Chiesina“ (Црква)
извор: RT фото: Андреа Ди Мартино