март 2, 2015

Охрид, 2. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Се известуваат учениците од завршната година во средните училишта во Охрид, дека Министерот за образование и наука донесе измени во Календарот за организација на учебната 2014/2015 година.

Утврдени се нови термини за полагање на испитите од државната матура, различни од претходно објавените.

Предвидено полагање на екстерните испити во два дела и тоа електронски и писмено.

Одбрана на проектна задача ќе биде од 18 март до 30 април.

Ова се термините за полагање во јунската испитна сесија:

– македонски јазик и литература (писмен дел) на 6 јуни во 10 часот
– македонски јазик и литература (електронски дел) на 10 јуни во 8.30 ч.
– странски јазик (писмен дел) на 12 јуни во 10 часот
– странски јазик (електронски дел) на 13 јуни во 8.30 часот
– математика (писмен дел) на 15 јуни во 10 часот
– математика (електронски дел) на 16 јуни во 8.30 часот
– интерни испити на 19 јуни во 10 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука