Буенос Аирес, 2. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Шпанскиот тенисер ,Рафаел Надал синоќа ги израдува своите фанови освојувајќи ја првата титула по пауза од девет месеци откако славеше во финалето од турнирот во Буенос Аирес, триумфирајќи над Хуан Монако со 2-0 во сетови.
Надал првиот сет го доби со 6-4, а во вториот сет целосно го скрши отпорот на противникот триумфирајќи со 6-1.Надал покажа дека е максимално подготвен за турнирите на земјена подлога што ќе се играат во неколку градови ширум Европа.
За Надал ова беше 46-ти трофеј што го освои на земја,а 65-та во својата тениска кариера.(Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 20