Охрид/Скопје, 2. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Оригиналните настапи во живо со музиката на саксофонот и придружба од дј-ски сет, кои во Охрид ги започна музичарот Горан Папаз, станаа барани и во останатите македонски градови.
По неговиот пример, овој вид на заеднички настапи со дј и изведба на музички инструмент, почнаа да практикуваат и други музичари.
Горан Папаз ќе има ексклузивен настап со дј, оваа среда, 4-ти март во Fast Food во Ramstore Mall во Скопје. Неговиот настап ќе биде во рамките на т.н. Гурмански месец, каде со понудата на вкусна храна, ќе се „послужува“ и добра музика.
Настапот на Папаз ќе биде денска попладневна свирка, со почеток во 16:30 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 25