Охрид, 2. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој го објави Јавниот повик бр.01/2015.
Со оваа програма се обезбедува финансиска подршка за Млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност за Инвестиција за модернизација на земјоделски стопанства.
– Целта на оваа мерка е подобрување на целокупните резултати од работењето на земјоделското стопанство и достигнување на повисоки стандарди утврдени со законите од областа на земјоделството. Мерката 112 за Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност, е се поактуелна за млади фармери кои сакаат да отпочнат бизнис во земјоделството преку превземање на постоечко земјоделско стопанство или со воспоставување на ново земјоделско стопанство, информира Билјана Ѓорческа, Советник за организација во Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, Р.Е Охрид.
Подносителот на барањето треба да е од 18-40 годишна возраст.
Пополнување на барањето и изготвување на Деловниот план согласно Упатството за изготвување на деловен плани потребната документација ќе биде подготвено од страна на Советниците (бесплатно) во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Р.Е Охрид.
Максимална вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува 600.000 денари неповратни средства.
За сите подетални информации заинтересираните да се обратат во Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, Р.Е Охрид.
Краен рок за пријавување за овие мерки е 31-ви март. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива