Охрид, 2.март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор организира „Отворен ден со граѓаните“ од повеќе градови.
Во Охрид, отворениот ден ќе се организира на 6.март, а како што информираат од Акционерското друштво, на средбата ќе присуствува директорот на ова друштво Цветко Грозданов.
Граѓаните ќе имаат можност да се информираат за сите прашања во врска откупот на општествени станови согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за домување, но и за други прашања поврзани со работењето на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.(Крај)
извор:ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21