Членови на клубот „Bottom Time“ во соработка со алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид, неодамна извршија спалеолошки истражувања во пештера во селото Горно Коњско.
Тие беа и дел од неколку различни меѓународни обуки и истражувања, меѓу кои Меѓународна обука за спасување во пештера, напредна обука за подводна археологија, односно спалеолошки истражувања во околината на селото Трпејца.
Членовите на „Bottom Time“ од Охрид и спалеолози од клубот „Златоврв“ од Прилеп, на почетокот од октомври извршија истражување и тренинг-обука на спалеолошки техники на западните падини на Галичица. Во околината на крајбрежното село Трпејца ја истражуваа пештерата каде што е откриен нов канал долг околу 50 метри.
Супер радио/А.Р.
Прочитано: 38