Охрид, 2.март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Културно-уметничкото друштво „Охриѓанка“ од Охрид, во рамките на своите можности учествуваше во хуманитарната акција за помош на настраданите граѓани во поплавите во Источна Македонија.
Собраната донација, членовите на ова фолклорно друштво денеска ја предадоа на Црвениот крст од каде таа ќе биде дистрибуирана до поплавените региони во државава.
Од КУД „Охриѓанка“ им се заблагодаруваат на сите граѓани кои несебично се вклучиле и ја поддржале нивната акција. (Крај)
извор:ОхридПрес фото:ОхридПрес
Прочитано: 25