Скопје, 3. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од денес до 7-ми март на Скопски саем ќе се одржи Саем за градежништво – дванаесеттиот по ред меѓународен бизнис настан за градежништво, градежни материјали и градежна механизација.
Меѓународниот сaeм на грaдeжништвo, грaдeжни мaтeриjaли и грaдeжнa мeхaнизaциja подразбира сестрана промоција на оваа стопанска гранка на производителите и трговците од Македонија и од странство. На овој саем ќе се нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и опремување објекти и имоти и ќе привлече експерти од областа на градежната индустрија кои ќе дискутираат и склучуваат зделки во кои ќе ги вклучуваат и новите трендови во градежништвото. Бројот на изложувачи и оваа година ја достигна бројката од 100 директни компании, респоредени во три саемски хали. Целта на овогодинешниот Саем на градежништво е да го задржи овој динамичен раст, а за изложувачите и посетителите да претставува најдобра платформа од интерес во овој сектор.
Во рамките на Саемот на градежништво 2015, во Метрополис Арена по петти пат ќе се одржи и Саемот за недвижности и инвестиции RealExpo.
Партнер на саемската манифестација е Министерството за финансии со проектот „Купи куќа, купи стан“ кој има за цел да им помогне на граѓаните полесно да дојдат до сопствен дом и се вклопува во концептот на Саемот за градежништво и RealExpo.
Посетителите ќе можат да ја разгледаат огромната понуда на над 3,000 станови и да го одберат најповолното за себе. На RealExpo ќе учествуваат голем број градежни компании, кои ќе понудат станови со попусти и до неколку илјади евра и ќе важат само за саемските денови.
На Саемот на градежништво 2015 повторно со своја понуда на кровови, гипсени производи, малтери и фасадни производи, лепила, изолациски материјали, битуменски производи, камен и песок, ѕидни бои, ќе се претстават долгогодишните учесници.
Своја понуда ќе имат и реномирани компании од Италија, Беорол од Србија и Бетон Лучко од Хрватска, како и компаниите кои имаат свое производство во Турција Весбо Балканс, ДД Груп, Ермак Бетон.
За посетителите Скопски саем и оваа година приреди изненадување: наградната игра НАГРАДА ЗА НАДОГРАДБА која за најсреќните добитници на наградни ваучери од 43.000, 30.000 и 18.000 денари ќе овозможи набавка на производи од програмата на изложувачите на Саемот на градежништво 2015.
Учеството на повеќе од 300 претставени компании како и на инвеститорите во рамките на RealExpo-Саемот на недвижнини ќе им овозможи на посетителите, кои се очекуваат во број од 15.000 посетители, ислучителна можност за планирање на своите градежни активности.
Работното време е од 10 до 19 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива