Истанбул, 3. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Како што пишуваат турските медиуми плејмејкерот на Галатасарај, Карлос Аројо, одлучи да го напушти клубот, поради лошата финансиска состојба и долгот што управата на клубот од Истанбул ги има кон него.
Аројо во Евролигата во просек постигнуваше по 12,5 поени и бележеше 4,3 асистенции.
Во својата богата кошаркарска кариера искусниот плејмејкер девет години играше во НБА лигата- играше за Торонто, Денвер, Јута, Детроит, Орландо, Мајами и Бостон, а во Европа покрај Галатасарај беше дел и од екипита на Тау Керамика и Бешикташ.(Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21