Будва, 3. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Легендата на светската музичка сцена Ману Чао за нив вели дека се најдобриот европски бенд. Тие се Дубиоза Колектив и ќе настапат на 16. јули на главната бина на Sea Dance Фестивалот.
Најпопуларниот балкански бенд ќе свири на Јаз во рамки на големата светска турнеја, во која ќе обиколат преку 100 светски дестинации, некои од најголемите светски фестивали, како и европските метрополи Берлин, Амстердам, Мадрид, Барселона и Виена каде што картите за нивниот настап се веќе распродадени. Во таквиот распоред, за Дубиоза оваа година Јаз ќе биде единствената станица во Црна Гора. Луцидните Босанци пред настапот на Јаз во свој препознатлив стил и на мелодијата на актуелниот хит “No Escape”, со песна ги повикаа сите фанови на „Си Денс“, пеејќи ги новите стихови посветени на Будва и „Си денс“ фестивалот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива