Битола, 4. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Битолските средношколци се приклучуваат на средношколскиот пленум, а вечерва во економското училиште во Битола ќе ја одржат првата средба на која треба да се развие дискусија за проблемите во средното образование.
Средношколците бараат од надлежните да ја укинат математиката која е предвидена како задолжителен предмет при полагањето државна матура, за која досега на протести излегоа нивните соученици од повеќе градови низ земјава.
Претходно за истата причина наставата ја бојкотираа учениците од скопската гимназија Јосип Броз Тито, но нивната одлука била самоиницијативна, а не на средношколскиот пленум. (Крај)
извор: 24 вести фото: архива
Прочитано: 27