март 4, 2015

Охрид, 4. март 2014 (ОХРИДПРЕС) – Фанк рок бендот Барбарела, во кој членува и охридскиот бас гитарист Јане Тодороски, наскоро најавува за своите обожаватели два ТВ концерта.

Едниот од концертите ќе биде на новиот интернет музички канал BLA BLA TV, а вториот концерт ќе биде на 24 Вести.

Од самото формирање, бендот е доста активен на музички план, но и како дел од други проекти, од хуманитарен и забавен карактер.

Македонски бенд Barbarella, минатата година го издаде синглот наловен како „Чиста сметка, долга љубов“. Дел од овој бенд е и охридскиот музичар и водител Јане Тодороски, кој свири бас. Тодороски е дел и од Супер радио тимот, каде во летната сезона води контактна емисија.

barbarela2

Во бендот членуваат и Александар Ристовски – Принц – вокал и гитара, Дарко Тасев – гитара и Виктор Филиповски – тапани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Барбарела

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука