Москва, 4. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Шефот на руската Федерална служба за безбедност, Александар Бортников, изјави дека во текот на истрагата за убиството на опозицискиот политичар Борис Немцов, идентификувани се неколку осомничени.
Бортников рече дека осомничените биле следени во една насока.
Немцов беше убиен доцна во петокот навечер во центарот на Москва, во близина на Кремљ, два дена пред големиот митинг кој го подготвуваа од опозицијата. Немцов беше погребан вчера. (Крај)
извор: АП фото: архива
Прочитано: 11