март 4, 2015

Милано, 4. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалскиот клуб Интер ќе биде казнет од Унијата на европските фудбалски асоцијации со глоба од 6 до 7 милиони евра за прекршување на правилата за финансиски ферплеј, објави „Gazzetta dello Sport“.Покрај казната, Интер ќе мора да го намали составот за европските купови и ќе треба да вклучи во своите редови повеќе играчи од младинската академија на клубот.Во веста се истакнува дека за прекршување на правилата на ферплеј ќе биде казнета и Рома, но санкциите за римскиот клуб ќе се многу помали во однос на оние на Интер. (Крај)извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука