Охрид, 5. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Спортски ден се одржа во Основното училиште „Живко Чинго“ во Велгошти во кој беа вклучени учениците од основните училишта во општините Охрид и Дебрца.
Охридските ученици се натпреваруваа во кошарка, мал фудбал, пинг-понг, шах, како и во други спортски дисциплини.
Првото место во шах, машка конкуренција го освои Јован Љаткоски од ОУ „Ванчо Николески“. Второто место му припадна на Дејан Акимоски од истото училиште, а за третото се избори Славче Митрески од ЦОУ „Дебрца“. Четвртопласиран на шаховскиот натпревар беше Христијан Алексоски од ОУ „Кочо Рацин“.
Во женска конкуренција првото место и припадна на Јана Ангелкоска од ОУ „Григор Прличев“, второ место на Симона Бошковска од ОУ „Св. Климент Охридски“, третото за Викторија Змејкоска од ОУ „Св. Климент Охридски“ и четвртото место го освои Христина Митреска од ОУ „Христо Узунов“.
Во пинг-понг машка конкуренција прво место освои Мартин Павлески од ОУ „Наум Охридски“, второ место Наум Шибакоски од ОУ „Живко Чинго“ и трето место Петар Илоски од ЦОУ „Дебрца“.
Во женска конкуренција награди освоија: прва Теодора Танеска , втора Деспина Јулоска и третопласирана Елена Маркоска.
Во дисциплината мал фудбал првото место го освоија учениците од ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти, второто место им припадна на основците од ЦОУ „Дебрца“ и третото место на учениците од ОУ „Ванчо Николески“.
Најдобри во кошарка во машка конкуренција беа: ОУ „Григор Прличев“, потоа следуваа екипата од ОУ „Живко Чинго“ на втората позиција и екипата на ОУ „Св. Климент Охридски“ на третото место. Во женска конкуренција младите кошаркарки од „Григор Прличев“ се пласираа на првата позиција, нивните врснички од ОУ „Кочо Рацин“ на втората и третото место им припадна на кошаркарките од ОУ „Христо Узунов“.
Спортскиот ден беше организиран од страна на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти по повод роденденот на Тодор Александров чие име го носи и спортската сала во училиштето. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес