Сеул, 5. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Амбасадорот на САД во Јужна Кореја, Бренд Липерт, бил нападнат со нож од националисти кои се противат на воена алијанса меѓу Јужна Кореја и САД.
Американскиот претседател Барак Обама испрати порака за брзо закрепнување на амбасадорот, додека Стејт департментот го осуди нападот, додавајќи дека нападнатиот е надвор од опасност.
Полицијата веднаш го уапсила еден од напаѓачите, 55-годишниот Ким Ки-Јонг, кој во 2010 година беше осуден бидејќи фрлал со камења по јапонскиот амбасадор во Сеул. (Крај)
извор: Бета фото: архива
Прочитано: 10