Берлин, 5. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Како што тврди германски „Билд“ неколку тимови од безбедносни причини би можеле да ја бојктираат првата трка на 15-ти овој месец во новиот шампионат на Формула 1.
Според весникот, мистериозната несреќа која му се случи на Фернандо Алонсо на тестирањата во Барселона би можела да има сериозни последици по трката за ГН на Австралија.
Според тимовите во Ф1 причината за загриженост е тоа што сеуште стојат сомнежите дека Шпанецот ’го удрила струја’ од хибридниот систем на моторот и дека тоа е вистинската причина што тој ја загубил свеста и доживеа несреќа.(Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27