Виљареал, 5. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Барселона скапо го плати пласманот во финалето од Копа дел реј, откако каталонците синоќа останаа без еден од своите најстандардни фудбалери, Серхио Бускетс.
Тој настрада при еден невнимателен старт старт на домашниот фудбалер Пења, поради што мораше пред крајот на првиот дел да да го напушти теренот.
Според првичните лекарски прегледи станува збор за проблем со лигаментите на зглобот на десната нога, поради која Бускетс ќе паузира од три до пет седмици.
Шпанскиот репрезентативец ќе го пропушти големото дерби со Реал Мадрид што е на програмата на 21-ви март, а нема да биде во комбинација ниту за настап на реванш дуелот од ЛШ против Манчестер сити. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23