Скопје, 5. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Интензивни врнежи од снег од утрово има на планините во северозападните делови на Македонија.
Најголема снежна покривка има кај преминот Стража на патот кон Кичево.
Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните часови и во текот на ноќта, кога, според синоптичарите, се очекува да наврнат повеќе од 25 литри дожд на еден квадратен метар.
Дневната температура ќе се движи од 5 до 10 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно, со врнежи од дожд и ќе дува засилен југоисточен ветер. (Крај)
извор: АМСМ/Метео фото: архива
Прочитано: 32