март 6, 2015

Охрид, 6. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор на Република Македонија денеска во Охрид ја спроведува акцијата „Отворен ден со граѓаните”.

Охриѓани ќе можат да се информираат за сите прашања коишто ги имаат во однос на конкретната подружница на Акционерското друштво, како и подетално да се информираат за последното намалување на цените на комерцијалните станови во Охрид.

Средбите со граѓаните ќе ги одржи генералниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор Цветко Грозданов.

Отворената средба започна во 10 а ќе трае до 16:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука