Избор Охрид навечер

Џез триото на Сашо Поповски утре со настап во Охрид

Охрид, 6. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Џез настанот, насловен „Ezoterika“ утревечер во Охрид на посетителите во клубот Jazz Inn ќе им понуди часови поминати со пријатна домашна џез музика.

Пријатните звуци на етно џезот со Сашо Поповски трио ќе бидат збогатување на ноќниот живот викендов во Охрид. Музичкото трио од Скопје го сочинуваат: Сашо Поповски – гитара, Оливер Јосифовски – контрабас и Виктор Филиповски – тапани.

ezoterika

Од Jazz Inn Охрид за време на забавата најавуваат попусти на пијалоците. Настанот е со почеток во 22: 00 часот. Влезот е 100 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Saso Popovski

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави