март 7, 2015

Охрид, 7. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми март 2005 година на охридското Супер радио започна со емитување емисијата за промовирање на клубската музика и култура, „Disco Heaven“.

Почетоците на „Disco Heaven“ со изборот на музика, „плетеа“ музички приказни во стилот на DJ OUTWORK, Axwell, David Penn, Jay Lumen, ATFC, Syke ‘N’ Sugarstarr, Danny Freakazoid, Baggi Begovic, а потоа листата на музички великани, чија музика се презентираше, се прошири на изданија на Dosem, Alfred Azzetto, Rene Amesz и многу други.

Идејниот творец на емисијата Јане Стефанов – ДЈ Јане, со голема посветеност, поткрепена со богата музичка наобразба за актуелните теми, кои секојдневно излегуваат од продукциските куќи ширум светот, ја прави оваа емисија она што е по 10 години, свежина и водач на клубската сцена од аспект на селекција и промовирање на музиката.

djjane

„Disco Heaven“ денес го носи епитетот на вистински комплексен радио проект, а не само обична емисија. Во изминативе 10 години за потребите на вкусот на слушателите, но и самиот музички пазар, „Disco Heaven“ понуди неколку различни концепти на емитување. Она што актуелно може да се слуша во „Disco Heaven“ се неколку рубрики, како хит на изминатата недела, новитети, избран дј-ски сет на ДЈ Јане, и делот кој е практично еден вид, можност за запознавање со музиката на одреден артист, е guest mix-от, во кој секоја недела се дава простор на посебен артист.

„Disco Heaven“ продолжува да Ви ги отвора портите на најдобриот избор на клубската музика, секоја сабота од 20 до 22 часот.

Во вечерашното издание на „Disco Heaven“ за слушателите ДЈ Јане подготвува специјален двочасовен микс. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Супер радио

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука