Рим, 7. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Раководството на Калчолигата донесе одлука за да и помогне на Парма да ја доврши оваа натпреварувачка сезона.Првите луѓе на лигата на состанок со претставниците на клубовите од Сериа А постигнале договор на Парма да и се помогне со околу пет милиони евра.
Сумата што ќе ја добие Парма е од парите што клубовите ги уплаќаат на сметка на лигата како казни.Наместо да бидат поделени овие финансиски средства ќе заминат на сметката на Парма за овој клуб да се спаси од колапс.(Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27