Охрид, 9. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Шпанскиот Dj Casabella и охридскиот музичар Nikola Toni, пласираат се’ повеќе различни верзии на нивната заедничка тема „Skin Trade“.
Темата која е барана се’ повеќе во светски рамки, поради популаризацијата со направените ремикси од страна на шпански музички продуценти, од 7-ми март се најде на најголемиот музички пазар за продажба на музика Beatport и тоа со нови верзии. Меѓу артистите кои имаат удел во креирањето на верзиите на оваа тема, се: Oliver Narbona, Dave M Sanchez, Xoria, Augusto Egea, DJ McKoy, Moyset Kampbell, Lorenzo Labellarte, DJ Blaze, Nikola Toni, DJ Casabella.
Лејблот кој стои позади оваа трака е „2Seconds Records“.
ДЈ Casabella и Nikola Toni направија и EP, на кое се наоѓаат сите досегашни верзии на темата. EP-изданието е за сите љубители на tribal и electronic звуците, со одлично надополнување со пакет од ремикси, кои поддржуваат различни жанрови. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива