Скопје, 9. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Државната изборна комисија ја презакажа седницата на која ќе заземе официјален став по објавувањето на изборните ”бомби” од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Актуелниот претседател на ДИК, Никола Рилковски во изјава за „Слободен печат“, вели дека нема да ги игнорира информациите што ги објавува опозицијата, а се однесуваат на изборните нерегуларности, но став и како гласач и како претседател на ДИК ќе заземе по утрешната најавена прес конференција на која лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека ќе ги соопшти најскандалозните информации што ги имаат на тема избори.
За да се утврди дали во целост бил нарушен изборниот процес, според членовите на ДИК, треба да се направи поширока анализа. (Крај)
извор: 24 Вести фото: архива