Охрид, 9.март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Женскиот центар ,,Бисера” и годинава Меѓународниот ден на жената беше одбележан со изложба на слики од охридски сликарки.
На годинешната 20-та по ред осмомартовска ликовна поставка што ќе биде достапна за јавноста и во текот на наредните денови во Центарот за култура „Григор Прличев“, учествуваат дваесет сликарки од Охрид.
На овој традиционален настан учествуваа ученици од Средното музичко училиште „Тодор Скалоски-Тетоец“ од Струга кои го стекнуваат музичкото образование во класата на професорот Дамјан Пејчиноски. Со пригодни стихови, осмомартовската средба на жените уметнички ја збогатија и учениците од Гимназијата „Свети Климент Охридски“ од Охрид (Крај)
извор:ОхридПрес фото:ОхридПрес
Прочитано: 26