Рим,9. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Како што пренесуваат италијанските медиуми екипата на Рома на фудбалерот на Манчестер сити, Џејмс Милнер му понудила тригодишен договор вреден околу 18 милиони фунти.
Според спортскиот директор на Рома, Валтер Сабатини управата на волчицата му понудила на Милнер неделна плата од 100.000 фунти, но и дополнителен бонус од два и пол милиони фунти при доаѓањето во Рим.
Актуелниот договор на Милнер со „граѓаните“ истекува на крајот од оваа сезона и се уште не е ниту блиску до компромис со челниците околу продолжување на соработката.(Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 54