Струга, 9. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Премиерата на урнебесната комедија „Љубов на селски начин“ на Драмското студио „Миладин“ од Струга, која членовите на студиото ја снимиле, ја поставија на каналот YouTube.
Претставата, за сите оние кои не биле во можност да ја погледнат досега, сега е достапна во дигитална форма, целосно бесплатно.
Претставата е на текст на Татјана Трифуноска – Ѓоршеска.
Премиерата беше одиграна на 15-ти ноември минатата година во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. Режијата е на Ристе Миладин.
Во претставата освен Ристе Миладинов играат и: Мартина Кочоска, Илија Ќосески, Даниел Шикоски, Бојан Крстески, Наталија Смаќоска, Милена Блажеска, Лидија Столеска, Мишела Спироска и Имер Асоски.
Музикатата е на Сашо Кленкоски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Студио Миладин