Торино, 1. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дефанзивецот на Јувентус Алекс Сандро ќе биде надвор од теренот три недели поради повреда.
Бразилецот доби истегнување на мускулот во бутот и беше принудно заменет за време на натпреварот од Суперкупот на Италија против Милан.
Тоа е уште еден проблем за тренерот Масимилиано Алегри во одбранбената линија по повредите на Леонардо Бонучи и Даниел Алвеш. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 21