Белград, 3. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Србија ќе игра конструктивна улога во решавањето на проблемите во регионот, но може да гласа против интересите на земјите кои не ја поддржувале Србија во прашањата кои се важни за неа, како што се признавањето на Косово или членството на Косово во УНЕСКО, вели министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
Тој во интервју за српската агенција Бета вели дека тоа не е освета, туку политика на реципроцитет. Србија нема да дозволи никој да ја понижува, вели Дачиќ.
Тој вели дека признавањето на Косово и поддршката за членство во УНЕСКО, ги оптоварува односите на Србија со соседите, но тоа не значи дека ќе преземат нешто во билатералните односи. (Крај)
извор: Бета фото: архива
Прочитано: 26