Марсеј, 3. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на некогашниот европски и француски првак, Олимпик Марсеј, сака да направи реконструкција на тимот откако клубот доби богати сопственици.
Целта е да се направи тим кој ќе им конкурира на ПСЖ и на Монако, а првите луѓе на клубот сакаат да го вратат фудбалерот на Вест Хем и поранешен член на Марсеј, Димитри Паје.
Оваа мисија нема да биде лесна ако се знае дека за истиот фудбалер се интересираат Арсенал и Манчестер јунајтед, но и францускиот шампион ПСЖ. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 16