јануари 3, 2017

Скопје, 3. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во согласност со една од целите на проектот ТАКСО за подобрување на видливоста на граѓанските организации и резултатите од нивното работење, Македoнската канцеларија на ТАКСО продолжува да им нуди можност на граѓанските организации да добијат поддршка за подобрување на медиумското покривање на своите настани и активности.

Поддршката во однос на ова прашање може да вклучува: препораки во врска со избор на најсоодветен пристап за информирање и промоција на настан/тема/продукт/услуга, како и совети за претставување пред јавноста на граѓанските организации.

Сите граѓански организации кои имаат потреба од ваква поддршка во периодот јануари – март 2017, можат да го пополнат образецот за пријавување, кој е достапен на: http://www.tacso.org/news/training-opp/?id=14726

Аплицирањето е најдоцна до 13 јануари 2017. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука