јануари 3, 2017

Охрид, 3. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Мозочниот удар е најчеста причина за инвалидитет а втора за причина за смртност во нашиот регион.

Најмалку 1/2 од прежвеаните од мозочен удар се перманентно онеспособени, што ја прави болеста главна причина за физичка, когнитивна, емоционална, социјална и работна неспособност
Се очекува инциденцата односно бројот на новонастанати мозочни удари да расте во иднина и да представува голем социоекономски проблем. Затоа третманот на исхемичните мозочни удари представува вистински предизвик.

safe-picture-for-social-media_wsd-2016-605x375

– Мозочниот удар може да се лекува. 80-85%од мозочните удари се исхемични, а интравенската тромболиза е безбеден и ефикасен третман на акутниот исхемичен мозочен удар, се повеќе достапен и во нашата држава. Но тромболизата може да помогне само доколку се ординира во првите 4 и пол часа по појава на симптомите. Исто така тромболизата е контраиндициран кај голем број на пациенти. Околу ½ од пациентите кои се третирани со интравенска тромболиза ќе останат инвалидизирани или ќе го изгубат животот и покрај третманот. Со цел да се надминат овие препреки во третманот на мозочниот удар во тек се повеќе големи студии чија цел е поуспешен и побезбеден третман на мозочниот удар, вели Д-р специјалист – невролог, Маја Божиновска Смическа.

Кај 20% од болните времето на почетокот на болеста е непознато бидејки симптомите се препознаваат кога пациентот се разбудил од сон. Оваа голема група на болни е исклучена од третманот со интравенска тромболиза. WAKE- UP студијата развива нов пристап кон пациентите кои се здобиле со мозочен удар во сон, користејќи посебна техника на магнетна резонанца односно снимање на мозокот. Овој иновативен метод на анализа на мозокот кај мозочните удари овозможува да се одреди прецизно времето на почеток на мозочниот удар. Целта на WAKE-UP студијата е да се тестира ефикасноста и безбедноста на третманот со тромболиза базирана врз МРИ наодите кај пациентитте со мозочен удар.

wake-up-studija

Може ли терапевтското ладење на оргнизмот- медицински предизвикана хипотермија да го подобри исходот од мозочниот удар? Одговор на ова прашање нуди студијата Euro HYP.

eurohyp-1

– Терапевтското ладење- хипотермија значи намалување на телесната темература на пациентите со помош на примена на ладни инфузии чија температура е 4 степени целзиусови во тек на 30-60 минути, следено со пад на телесната температура до 34-35 степени целзиусови во траење од 12 часа. Намалувањто на телесната температура кај будни пациенти со мозочен удар се покажало дека е безбедна метода, но дали таа метода го подобрува функционалното опоравување кај мозочниот удар се уште не е докажано и се очекува оваа студија да даде одговор и на тоа прашање. Досегашните испитувања покажале асоцираност на покачената телесна температура со лош исход а ниската телесна температура со поволен исход од мозочниот удар, додава Д-р специјалист – невролог Божиновска Смическа.

Многу пациенти со мозочен удар имаат проблеми со голтање, инфекција или покачена телесна температура во тек на болничкиот третман. Истите значат и поголема веројатност за лош исход. Вообичаено, овие состојби се третираат само ако симптомите станат очигледни. PRECIOUS студијата ќе тестира дали е подобро за опоравувањето да се искористи третманот за да се превенираат овие компликации од случување,отколку да се чека да се случат.

precious

За повеќе информации на овие иновативни третмани кои ќе ја променат клиничката пракса како и за SVD -Small Vessel Disease проектот кој е фокусиран на идентификување на клучните фактори и третмани за коморбидитетите на мозочен удар и деменцијата, доктор Божиновска Смическа го препорачува прилогот на веб страната www.mozocenudar.mk. (Крај)

svds

извор: ОхридПрес фото: Здружение „Мозочен удар“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука