јануари 4, 2017

Охрид/Кичево/Ресен, 4. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Слаб снег врне на планиските премини Стража, Пресека и Буково. Снегот не се задржува на коловозот.

На патниците кои патуваат од Охрид кон Битола/Прилеп и кон Кичево/Скопје, им се препорачува внимателно возење, поради можност од лизгање на возилата на превоите.

Сообраќајот на патиштата низ Македонија се одвива без забрани по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ потсетува и назаконската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2017 година. (Крај)

извор: ОхридПрес/АМСМ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука